Ги провоцираше фановите, па си доби шише во глава (ВИДЕО)

February 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ги провоцираше фановите, па си доби шише во глава (ВИДЕО)

Навивачите во Турција се познати по својата страст, но понекогаш ги преминуваат границите на дозволеното, како што беше случајот на денешниот натпревар на Фенербахче. Во рамките на 23. коло од турската Суперлига, Фенербахче гостуваше кај Аланијаспор и извојува победа од 0-2. Сепак, дуелот беше засенет од несакан инцидент. Андерсон Талиска, кој постигна еден од головите за својот тим, стана мета на навивачите. Додека ја прославуваше својата реализација во близина на корнер знаменцето, од трибините беше фрлено шише со вода, кое го погоди директно во главата. Тој одлучи да го прослави голот така што ќе гестикулира пред делот од трибините каде што беа навивачите токму на Аланија. За среќа, Талиска не претрпе посериозни повреди и можеше да го продолжи натпреварот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.