Играч на Барселона пред заминување по жестока дебата со Флик

February 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Играч на Барселона пред заминување по жестока дебата со Флик

Барселона вечерва ќе гостува кај Севилја, па додека тече сезоната, се работи и на плановите за летниот трансфер период и можните промени во тимот. Според каталонскиот медиум Sport, клубот може да остане без еден од своите голмани. Откако Марк-Андре тер Штеген се повреди, Инаки Пења доби шанса како прв избор меѓу стативите и бранеше одлично. Сепак, на последните натпревари тренерот Ханси Флик реши да му даде предност на искусниот Војчех Шчесни. Оваа одлука предизвикала незадоволство кај Пења, кој имал тензичен разговор со Флик. Тренерот му ставил до знаење дека никој нема да му влијае врз одлуките за стартниот состав. Незадоволен од ситуацијата, Пења сега размислува да побара трансфер и да ја продолжи кариерата во друг клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.