Ливерпул испадна од ФА Купот од најслабиот тим во Чемпионшип! (ВИДЕО)

February 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул испадна од ФА Купот од најслабиот тим во Чемпионшип! (ВИДЕО)

Плимут, кој неодамна се раздели со Вејн Руни, приреди уште едно големо изненадување во ФА Купот, елиминирајќи го Ливерпул со минимални 1-0. Второлигашот, кој е на дното на табелата во Чемпионшип, претходно го исфрли Брентфорд со идентичен резултат, а денес ја повтори сензацијата против тимот на Арне Слот. Холандскиот тренер реши да настапи со комбиниран состав, без најголемите ѕвезди, но и покрај тоа Ливерпул важеше за фаворит. Сепак, на теренот не успеа да ја наметне својата игра и не создаде доволно шанси за погодок. Клучниот момент се случи во 53. минута, кога Харди беше прецизен од пенал и му донесе историска победа на Плимут.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.