Барселона убедливо славеше кај Севиља и се приближи до Реал и Атлетико (ВИДЕО)

February 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона убедливо славеше кај Севиља и се приближи до Реал и Атлетико (ВИДЕО)

Барселона убедливо славеше кај Севиља со 1-4, иако Каталонците повеќе од 30 минути играа со играч помалку. Тимот на Ханси Флик поведе уште во 7. минута со голот на Роберт Левандовски откако Иниго Мартинез одлично со глава ја спушти топката, а Полјакот беше сигурен. Веднаш во наредната акција дојде до изедначување каде стрелец беше Варгас. Иако снимките покажаа се работи за лоша офсајд замка на Барселона, сепак постојат други докази кои покажуваат дека всушност требало да се гледа дали Иниго Мартинез е во офсајд, а не Роналд Араухо. Шпанскиот стопер бил оној кој бил најблизу до својот гол, а не Уругваецот. Во првиот дел се повреди токму Араухо и го замени Кубарси. Во вториот дел, Гави беше заменет со Фермин Лопез кој за помалку од минута во игра погоди со глава на асистенција на Педри. Во 55. минута Рафиња дополнително ја зголеми предноста за Каталонците со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот. Во 60. минута следуваше шок за Барселона бидејќи Фермин Лопез доби црвен картон по лошиот старт. Четвриот гол го постина Ерик Гарсија по одличниот центар шут на Рафиња за конечни 1-4. Сега Реал Мадрид има два бода предност пред Барселона, а Атлетико Мадрид еден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.