February 11, 2025 | | Свет
Реал Мадрид оствари херојска победа против Манчестер Сити на „Етихад“ со резултат од 2-3 преку пресврт, а херојот беше Џуд Белингем. Фудбалерите на Манчестер Сити пропуштија голема шанса да заминат со предност во реваншот против Реал Мадрид, откако на свој терен примија два гола во завршницата и загубија со 2-3 во првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на шампионите. Натпреварот започна со жестоко темпо и висок пресинг од двете страни. Првата голема возбудувања се случи во 10. минута, кога Винисиус беше соборен од Едерсон, но судијата ја прекина ситуацијата поради офсајд. Реал веднаш возврати со одлична акција – Винисиус маестрално го проигра Мбапе, но Едерсон беше подготвен и го одбрани неговиот удар. Домашниот тим издржа низа напади на гостите, при што Менди имаше огромна шанса, но Аке во последен момент спречи сигурен гол. Казната за неискористените можности стигна брзо – во првата вистинска шанса Сити поведе. Гвардиол со гради ја спушти топката до Халанд, кој прецизно го совлада Куртоа и донесе предност за „граѓаните“. Ова беше прв погодок на Норвежанецот против Реал, а негов 48. во Лигата на шампионите. Само неколку минути подоцна, Винисиус упати фантастичен удар од далечина, но топката заврши во аут по погодок во пречката. По половина час игра, Грилиш се повреди, а наместо него влезе Фоден, кој веднаш доби можност за гол, но Куртоа повторно беше на висината на задачата. До крајот на првиот дел, Валверде и Мбапе пропуштија добри шанси за израмнување. Второто полувреме продолжи со интензивен фудбал и нов зицер на Мбапе, кој повторно беше запрен од Едерсон. Но, во следниот напад Реал израмни – Мбапе со многу среќа го измами голманот на Сити и донесе 1-1. Реал имаше можност целосно да го сврти резултатот преку Себаљос и Белингем, но Сити доби пенал во 76. минута по прекршокот на Себаљос врз Фоден. Халанд беше сигурен од белата точка и врати предност за домаќините (2-1). Сепак, драмата не заврши тука. Во 86. минута, Брахим Дијаз, поранешен играч на Сити, го пронајде патот до мрежата и израмни на 2-2. Во судиското надополнување, Ковачиќ и Луиз направија клучни грешки, а Белингем ја искористи ситуацијата за конечни 2-3. Реваншот во Мадрид, кој ќе го одреди патникот во осминафиналето, е закажан за осум дена.
FT: Man City 2-3 Real Madrid Goals: Mbappe, Brahim, Bellingham Assists: Ceballos, Vinicius x2 pic.twitter.com/GxWJmPvYKa
— Real Madrid Info ³⁶ (@RMadridInfo) February 11, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |