February 11, 2025 | | Свет
Борусија Дортмунд направи голем чекор кон осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во Лисабон ја совлада екипата на Спортинг со убедливи 0-3. Иако првиот дел мина во знакот на домаќините, „милионерите“ одиграа далеку подобро во второто полувреме и стигнаа до сигурна победа. Спортинг имаше повеќе од играта во првиот дел, создаде неколку солидни шанси, а Араухо дури ја погоди и пречката. Во завршницата на првото полувреме, Борусија се разбуди и имаше два обиди, но без реализација. Клучниот момент дојде во 60. минута, кога по одлична асистенција на Бранд, Гираси погоди со глава и му донесе водство на Дортмунд. Овој гол го урна ритамот на Спортинг, а „милионерите“ го искористија тоа. Осум минути подоцна, Паскал Грос по асистенција на Гираси зголеми на 0-2. Во обид да се врати во мечот, Спортинг тргна во целосна офанзива, но тоа остави многу простор во одбраната. Борусија го искористи тоа и во контранапад преку Адејеми ја запечати убедливата победа. Головите од овој дуел погледнете ги ТУКА. Во друг натпревар, Јувентус со минимални 2-1 ќе патува на реванш во Ајндховен против ПСВ. „Старата дама“ дојде до водство во 34. минута преку Вестон Мекени, но Перишиќ во 56. минута го израмни резултатот. Сепак, Јуве успеа да стигне до ново водство во 82. минута, кога Мбангула ја затресе мрежата и донесе победа за италијанскиот тим пред реваншот. Погодоците од овој дуел погледнете ги ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |