Барселона и Реал Мадрид се избегнаа во полуфиналето од Копа дел Реј

February 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона и Реал Мадрид се избегнаа во полуфиналето од Копа дел Реј

Во Шпанија денес беа одредени двојките за полуфиналето на Копа дел Реј, а жрепката ги раздели најголемите ривали, Барселона и Реал Мадрид. Доколку и двата тима успеат да победат, можеме да очекуваме „Ел Класико“ во финалето. Реал Мадрид ќе се соочи со Реал Сосиедад, додека Барселона, предводена од Ханси Флик, ќе има потешка задача против Атлетико Мадрид. Првите натпревари од полуфиналето ќе се одиграат во периодот од 25 до 27 февруари, додека реваншите се закажани за почетокот на април, од 1 до 3.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.