February 12, 2025 | | Македонија
Раководството на ФФМ во официјална посета на УЕФА – средба со Чеферин и Лаковиќ На покана на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, челниците на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ и в.д. генералниот секретар Дрилон Ганиу, престојуваа во Нион. Тие имаа можност да разговараат со Чеферин и неговите најблиски соработници, меѓу кои и Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации. Омерагиќ го информираше претседателот на УЕФА за главните приоритети на ФФМ, кои вклучуваат подобрување на инфраструктурата, спроведување реформи во македонскиот фудбал и инвестирање во изградба и обнова на фудбалските терени во земјата. „Имавме продуктивна средба со раководството на УЕФА и добивме срдечен пречек од претседателот Чеферин. Разговаравме за важни прашања поврзани со развојот на македонскиот фудбал. Очигледно е дека во УЕФА постои почит и разбирање кон сите членки, што ни дава мотивација да продолжиме со реформите и инвестициите. Треба веднаш да реагираме за да ги избегнеме потенцијалните проблеми и да поставиме темели за идни успеси“, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а заеднички беше заклучено дека со поддршка од УЕФА македонскиот фудбал може да продолжи да напредува.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |