February 12, 2025 | | Македонија
Детонит Плачковица го претстави своето најново зимско засилување за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Тимот од Радовиш го доведе Костадин Капсаров, млад крилен играч кој доаѓа од струмичка Беласица. Претходно, тој беше дел од младинските категории на Академија Пандев - Брера. Покрај Капсаров, Детонит Плачковица оваа зима ги ангажираше и Игор Јаневски, Давид Дебрешлиоски, Александар Смилков, Дамјан Масевски, Филип Манасиевски, Давид Јошески, Филип Димоски и Јовица Радевски. По есенскиот дел, клубот се наоѓа на петтата позиција со 25 бода, седум помалку од третопласираниот Башкими. Главната цел за оваа сезона останува напад на позиција која води барем во баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |