Ливерпул ќе остане без Арне Слот во наредните два меча (ВИДЕО)

February 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул ќе остане без Арне Слот во наредните два меча (ВИДЕО)

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, доби суспензија од два натпревари од страна на раководството на Премиер лигата, како последица на неговиот црвен картон по завршувањето на дербито на „Гудисон Парк“. Напнатиот натпревар меѓу Евертон и Ливерпул беше исполнет со драма, а ситуацијата дополнително се влоши кога на теренот избувна конфликт меѓу играчите на двете екипи. Тензичната атмосфера не ја издржа ниту тренерот на Ливерпул, кој влезе во вербален дуел со судијата Мајкл Оливер. Главниот арбитер реши да му додели директен црвен картон на Слот, бидејќи Холанѓанецот го навредил и покажал агресивно однесување кон него. Како резултат на тоа, Премиерлигата донесе одлука да го суспендира на два натпревари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.