Барса го „блиндира“ талентот кој вели дека не знае што е тоа притисок

February 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса го „блиндира“ талентот кој вели дека не знае што е тоа притисок

Младиот дефанзивец Пау Кубарси останува во Барселона најмалку до 2029 година, каде потпиша нов, долгорочен договор со клубот. Барселона брзо реагираше и му понуди четири ипол годишен договор веднаш штом наполни 18 години минатиот месец, со што ја продолжува соработката со еден од најталентираните дефанзивци во светот. Минатото лето, Кубарси веќе го продолжи договорот на три години, што беше максимумот дозволен за малолетни играчи. Сега, со полнолетството, добива подолгорочен ангажман во каталонскиот клуб. Интересно е што неодамна Кубарси изјави дека не чувствува притисок играјќи за Барселона и дека не знае што значи тоа. Иако откупната клаузула сè уште не е обелоденета, јасно е дека само мал број клубови би можеле да си ја дозволат таа сума. Во Барселона се уверени дека со задржувањето на своите таленти, клубот има светла иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.