February 13, 2025 | | Свет
Иако Винисиус Јуниор се смета за еден од најдобрите фудбалери во светот, неговиот карактер на теренот и надвор од него не му носи многу симпатии. Често влегува во конфликти со противничките играчи, се расправа со публиката и судиите, а редовно ги обвинува навивачите за расизам. Во минатото бил дел и од бројни скандали, што дополнително го наруши неговиот имиџ. Во Реал Мадрид досега го толерираа, но според пишувањата на L'Equipe, и таму трпението почнува да попушта. Наводно, неговите соиграчи повеќе не сакаат да се справуваат со неговото однесување. „Откако не ја освои Златната топка, Винисиус се промени. Неговите соиграчи веќе не го поднесуваат неговиот став. Никој не сака повеќе да ја трпи неговата грубост“, стои во извештајот на францускиот медиум. Иако Реал Мадрид сè уште не реагирал на овие наводи, се зголемуваат шпекулациите дека Бразилецот би можел да ја прифати примамливата понуда од Саудиска Арабија. Некои медиуми денеска објавија дека клубот и Винисиус добиле „понуда која не се одбива“, што отвора можност за неговo заминување од „Бернабеу“ веќе ова лето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |