February 14, 2025 | | Свет
Брајтон на спектакуларен начин ја одбрани честа на својот терен и забележа убедлива победа против Челзи со 3-0 во 25. коло од Премиер лигата. Домашниот тим агресивно го започна натпреварот, прикажувајќи поголема амбиција од ривалот, иако Челзи имаше свои моменти во воведните минути. Отворената игра на двете страни резултираше со водечки погодок во 27. минута, кога Јапонецот Каору Митома ја затресе мрежата на гостите. Веќе во 38. минута, Јанкуба Минтех го удвои водството, па тимот на Фабијан Хурцелер на паузата замина со комотно водство од 2-0. Во вториот дел, Челзи доминираше во поседот на топката, контролирајќи дури 70% од играта, но без конкретни закани кон голот на домаќините. Брајтон одлично се бранеше, а гостите не успеаја ниту еднаш да упатат шут во рамките на голот. Со оваа победа, Брајтон се искачи на осмото место со 37 освоени бода, додека Челзи го запиша шестиот пораз сезонава и остана со 43 бода, со можност да го загуби четвртото место во следните натпревари од колото.
YANKUBA MINTEH 🇬🇲(2004) DOUBLES THE LEAD OVER CHELSEA WITH A LOVELY LITTLE GOAL!!! BAKOTEH MESSI! DANNY WELBECK WITH THE ASSIST! 📽️ @GoalsXtrapic.twitter.com/QFcFWqDqIj
— Football Report (@FootballReprt) February 14, 2025
YANKUBA MINTEH 🇬🇲(2004) AT THE DOUBLE WITH A LOVELY GOAL FOR THE THIRD!!! BAKOTEH MESSI! DANNY WELBECK WITH A BRACE OF ASSISTS! 📽️ @GoalsXtra pic.twitter.com/WTZSgdTbKe
— Football Report (@FootballReprt) February 14, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |