February 14, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски вечерва го забележа својот прв настап во 2025 година, откако влезе во игра во самиот финиш од натпреварот меѓу Џирона и Хетафе, кој заврши со пораз на домашниот тим од 1-2. Џирона се најде во негатива уште во првото полувреме, кога Уче донесе предност за гостите. На самиот почеток од вториот дел, Ерера израмни, но радоста не траеше долго бидејќи искусниот Борха Мајорал повторно го доведе Хетафе во водство. Домашниот тим дополнително се најде во неповолна ситуација откако Ерера доби црвен картон, оставајќи ги со играч помалку. Миовски доби шанса дури во 90. минута, но во судиското продолжение немаше можност да се закани кон голот на противникот. Ова беше негов прв настап по паузата предизвикана од повреда во завршницата на 2024 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |