Анчелоти добива отказ ако не освои никаков трофеј

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти добива отказ ако не освои никаков трофеј

Реал Мадрид ја отвори сезоната со два освоени трофеи – УЕФА Суперкупот и Интерконтиненталниот куп, но тоа не гарантира сигурност за Карло Анчелоти на клупата. Шпанските медиуми тврдат дека неговата иднина зависи од тоа дали клубот ќе стигне до барем еден од главните трофеи: Ла Лига, Лигата на шампионите или Купот на кралот. Иако Анчелоти има договор со Реал до 2026 година, неуспех во освојувањето на некоја од титулите би можел да значи крај на неговиот мандат. Во таков случај, управата веќе има план за можен наследник. Најсериозно име кое се споменува е Чаби Алонсо, кој прави фантастични резултати со Баер Леверкузен, пренесува Relevo. Според извори блиски до клубот, постои неформален договор меѓу Реал и германскиот тим, што би му овозможил на Алонсо да се пресели во Мадрид доколку пристигне официјална понуда. Анчелоти досега освои 14 трофеи со Реал, вклучувајќи две титули во Ла Лига и три во Лигата на шампионите. Но, во клуб како Реал Мадрид, само континуиран успех е прифатлив. Дали Италијанецот ќе ја оправда довербата или клубот ќе започне нова ера со Алонсо, останува да се види.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.