Фермин Лопез: Ќе играме финале на Лига на шампиони сезонава

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фермин Лопез: Ќе играме финале на Лига на шампиони сезонава

Фермин Лопез, играчот од средниот ред на Барселона, верува дека тимот ќе напредува со секој натпревар до крајот на сезоната. Иако не започна најдобро, сè почесто добива шанса од тренерот Ханси Флик и максимално ја користи. Од почетокот на сезоната, Лопез веќе има пет голови и исто толку асистенции, а се надева дека ќе ја задржи добрата форма што подолго. Покажа самодоверба и оптимизам, изразувајќи уверување дека Барселона ќе стигне до финалето на Лигата на шампионите. „Најтешкиот, но и најубавиот дел од сезоната допрва доаѓа. Работиме добро и сме подготвени за предизвиците. Ќе има натпревари во кои нема да одиме според планот, но како тим сме единствени и целта ни е да освојуваме трофеи“, рече Лопез. Тој додаде дека неговата самодоверба значително пораснала, бидејќи добива сè поголема поддршка од тренерот. „Секогаш сум бил играч што навлегува во шеснаесетникот и завршува напади. Првиот дел од сезоната не беше лесен за мене, но сега се чувствувам многу подобро и подготвен сум да му помогнам на тимот“, изјави младиот играч на Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.