Мармуш го реши Њукасл со својот прв хет-трик во дресот на Сити (ВИДЕО)

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мармуш го реши Њукасл со својот прв хет-трик во дресот на Сити (ВИДЕО)

Манчестер Сити убедливо го совлада Њукасл Јунајтед со 4-0 во натпревар од 25. коло на Премиер лигата, враќајќи се на победничките патеки. Најзаслужен за триумфот на „граѓаните“ беше египетскиот фудбалер Омар Мармуш, кој со хет-трик во првото полувреме ја реши судбината на гостите. Тој погоди трипати во интервал од 19. до 33. минута, оставајќи го Њукасл без шанса за бодови на „Итихад“. Во вториот дел, Манчестер Сити рутински го контролираше натпреварот, а точка на победата стави младиот Џејмс Мекати со погодок во 84. минута. Со оваа победа, тимот на Пеп Гвардиола се искачи на четвртата позиција со 44 бода, додека Њукасл остана на седмото место со три бода помалку. Во останатите натпревари од колото, Фулам славеше со 2-1 против Нотингем Форест, Борнмут го совлада Саутемптон со 1-3, Брентфорд триумфираше на гостувањето кај Вест Хем со минимални 0-1, а Астон Вила не успеа да ја оправда фаворитската улога, одигрувајќи 1-1 против Испвич Таун.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.