Анчелоти: Белингем му кажа на судијата „оде*и“, а не „е*и се“, има разлика

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Белингем му кажа на судијата „оде*и“, а не „е*и се“, има разлика

Реал Мадрид испушти два бода на гостувањето кај Осасуна, а еден од трагичарите за тимот на Анчелоти беше Џуд Белингем кој доби црвен картон поради жесток приговор. Токму Анчелоти откри што точно му рекол Белингем на судијата. „Мислам дека судијата не го разбра англискиот на Белингем, тој на судијата му рече „одје*и“, а не „е*и се“, а има разлика. Нема веќе да зборувам за судијата бидејќи сакам од клупата да го водам тимот наредното коло“, рече Анчелоти. Ова не е прв пат Белингем да ги навредува судиите. Имено, и претходното коло против Атлетико Мадрид беше забележана ситуација во која Џуд го вреѓа помошниот судија, но на тој натпревар не беше санкциониран.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.