Шок за Аморим: Заврши сезоната за неговиот најдобар фудбалер

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шок за Аморим: Заврши сезоната за неговиот најдобар фудбалер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, веќе се соочува со сериозни проблеми во тимот, а дополнителни главоболки му создаваат и повредите на клучни играчи. За дербито против Тотенхем, португалскиот стратег знаеше дека нема да може да смета на Коби Мејну и Мануел Угарте, но најголемиот удар за него дојде од Амад Диало. Најдобриот играч на тимот во последните месеци заработил повреда на зглобот, која би можела да го оддалечи од терените до крајот на сезоната. Според ексклузивните информации на Daily Mail, Диало ќе биде надвор од конкуренција најмалку два до три месеци, што во оваа фаза од сезоната може да значи и негов предвремен крај на настапите. Дополнителен проблем за Аморим е тоа што пред извесно време остана и без Лисандро Мартинез, кој се здоби со сериозна повреда. Останува да се види како ќе реагира менаџерот на „ѓаволите“ на овие нови предизвици во тимот. Ваквите вести ги потврди и самиот играч. „Многу сум разочаран што ја пишувам оваа порака. За жал, ќе бидам надвор од терените некое време поради повреда. Ќе се вратам посилен од било кога. Момент за да ги подржам момците од надвор, има уште ногу за играње“, напиша тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.