February 16, 2025 | | Македонија
Во ист термин ќе се одиграат сите шест натпревари од следното коло, а главното внимание е насочено кон дербито помеѓу Вардар и Шкендија на Градскиот стадион во Скопје. Црвено-црните претрпеа големи промени во составот, речиси целосно го реконструираа тимот, а веднаш ќе имаат сериозен тест против амбициозната Шкендија. Тетовскиот клуб е дел од водечката тројка на табелата заедно со Силекс и Работнички, сите со по 37 бодови. Во Гостивар, исто така, се очекува возбудлив меч. Домаќините имаат само два бода помалку од врвот и дополнително го засилија тимот со цел да ја освојат титулата. Нивниот прв предизвик во пролетниот дел е актуелниот шампион Струга, кој заостанува пет бодови зад лидерите, но не се откажува од борбата за врвот. Лидерот Силекс ќе биде домаќин на Тиквеш во Кратово, а тренерот Васоски порача дека тимот мора да ги освојува сите бодови против екипи како Тиквеш ако сака да остане на врвот. Во Чаир, Шкупи ќе го пречека Работнички во возбудлива градска пресметка. Пелистер, под водство на новиот тренер Срѓан Захариевски, ќе дебитира против Брера во Битола, додека Воска и Беса ќе се судрат во важен дуел за опстанок. Вардар – Шкендија Гостивар – Струга Силекс – Тиквеш Шкупи – Работнички Пелистер – Брера Воска – Беса Табела: Силекс 37, Шкендија 37, Работнички 37, Гостивар 35, Струга 32, Шкупи 22, Пелистер 19, Брера 19, Тиквеш 14, Беса 13, Вардар 13, Воска 12.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |