February 16, 2025 | | Свет
Ливерпул брзо се врати на победничките патеки во Премиер лигата, совладувајќи го Вулверхемптон со 2-1 во првиот натпревар од 25. коло. По разочарувачкото реми во „Мерсисајд“ дербито на „Гудисон Парк“, каде што примија гол во самиот финиш, играчите на Арне Слот влегоа силно во овој дуел. Лидерот во англискиот шампионат поведе уште во 15. минута преку Луис Диаз, а најдобриот стрелец оваа сезона, Мохамед Салах, со својот 23. погодок ја зголеми предноста на 2-0. Со тој резултат се замина на пауза. Во второто полувреме, и двата тренери направија по три измени, по што Вулверхемптон ја презеде иницијативата. Нивниот притисок донесе само еден гол, кој го постигна Матеус Куња во 67. минута. До крајот на натпреварот, Ливерпул можеше да остане без победата, но Мунетси пропушти голема шанса од непосредна близина. Второто полувреме беше едно од најслабите во ерата на Арне Слот, а статистиката покажуваше само 0.02 очекувани погодоци за домаќините.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |