February 16, 2025 | | Свет
Тотенхем извојува минимална победа од 1-0 против Манчестер Јунајтед во дербито од 25. коло на Премиер лигата. „Петлите“ го искористија ослабениот состав на гостите, кои пристигнаа во Лондон со бројни проблеми. Рубен Аморим не можеше да смета на повеќе клучни играчи, како Диало, Еванс, Маино, Мартинез, Маунт, Шо, Угарте и Бајиндир. Поради тоа, Јунајтед имаше само една измена на целиот натпревар, при што единствениот поискусен играч од клупата беше Виктор Линделоф, додека останатите беа млади фудбалери. Клучниот момент на натпреварот се случи во 13. минута, кога Џејмс Медисон погоди за водство на Тотенхем. Екипата на Анге Постекоглу потоа успеа да го задржи резултатот и да ја одбрани предноста. Јунајтед не најде начин да се врати во игра, особено поради недостатокот на опции за ротација. Единствената измена што ја направија беше влегувањето на младиот Оби во самиот финиш, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.
⚽️ GOAL – James Maddison 🏴 Tottenham (1×0) Manchester Unitedpic.twitter.com/JtekL4GVdW
— Kora Newsman (@kora_newsman) February 16, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |