Чурлинов постигна нов прекрасен гол (ВИДЕО)

February 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чурлинов постигна нов прекрасен гол (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов продолжува со одличните настапи за Јагиелонија, покажувајќи одлична форма во пресрет на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација. На натпреварот против Мотор, полскиот шампион доминираше на домашен терен и водеше со 3-0, а вториот погодок беше дело на Чурлинов. Македонскиот офанзивец извонредно се снајде на работ од шеснаесетникот, создаде простор за удар и со прецизен и силен шут ја испрати топката во долниот агол од мрежата. Погледнете го новиот потег на македонскиот репрезентативец во полското првенство!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.