Реал Мадрид упати жалба за црвениот картон на Белингем

February 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид упати жалба за црвениот картон на Белингем

Реал Мадрид ќе поднесе жалба за директниот црвен картон на Џуд Белингам, кој го доби на натпреварот против Осасуна што заврши 1:1, објавија Marca и AS. Англискиот фудбалер беше исклучен од страна на судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро поради наводни пцовки. Според официјалниот извештај, Монтеро разбрал дека му биле упатени навредливи зборови, што беше причината за неговото исклучување. Реал Мадрид ќе приложи видео-докази за ситуацијата и ќе ја оспори точноста на извештајот, надевајќи се дека ќе ја намали или целосно укине казната на Белингам. Доколку не успеат во жалбата, тој може да добие суспензија од најмалку два натпревари, а во полош случај и подолга казна ако се утврди дека навистина го навредил судијата. Судењето на последните неколку натпревари на Реал Мадрид е тема на големи контроверзии, бидејќи тимот не успеа да победи во ниту еден од нив. Претставници на клубот ќе отпатуваат во седиштето на судискиот комитет во Шпанија за да ги преслушаат аудио-снимките од дуелот со Еспањол пред две кола. Тогаш, играчот на каталонскиот тим, Карлос Ромеро, не беше исклучен поради груб фаул врз Килијан Мбапе, а подоцна го постигна победничкиот гол во тој натпревар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.