Гвардиола: Шансите да го победиме Реал Мадрид се помали од 1%

February 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Шансите да го победиме Реал Мадрид се помали од 1%

Манчестер Сити се соочува со тежок предизвик на гостувањето кај Реал Мадрид, во реванш натпреварот од првата плеј-оф фаза во Лигата на шампионите. Поразот на домашен терен со 2-3 по пресврт значи дека „граѓаните“ ќе мора да одиграат одличен меч на „Сантијаго Бернабеу“ за да се надеваат на пласман понатаму. Пеп Гвардиола даде интересна изјава пред дуелот, која може да се толкува на различни начини. „Имаме минимални шанси за победа во Мадрид, тоа сите го знаат. Не можам точно да кажам во проценти, но би рекол дека се под 1%. Првиот натпревар не заврши во наша корист. Водевме 2-1 до пет минути пред крајот, но загубивме 2-3. Ќе се обидеме да ги искористиме нашите можности и да видиме каде тоа ќе нè однесе“, истакна Гвардиола. Натпреварот ќе се одигра во среда од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.