Кунде задоцнил, па Флик веднаш го седна на клупа

February 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кунде задоцнил, па Флик веднаш го седна на клупа

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, строго ги спроведува правилата што ги воведе во клубот и не толерира никаква недисциплина. Најновата жртва на неговата строгост беше Жил Кунде, кој поради доцнење беше санкциониран. Францускиот дефанзивец задоцнил на собирот пред дуелот со Рајо Валјекано, а бидејќи ова му бил втор ваков прекршок, Флик решил да реагира. Поради ова, Кунде остана на клупата за резерви, а останува да се види дали ќе добие шанса за настап во текот на натпреварот. Инаку, Барселона на полувремето води против Рајо со 1-0 со голот на Левандовски од белата точка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.