February 17, 2025 | | Свет
Рио Фердинанд, некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, го анализираше распоредот на тимот до крајот на сезоната и со загриженост констатираше дека единствениот натпревар каде што „ѓаволите“ имаат реална шанса за победа е против Лестер. Манчестер Јунајтед продолжува со разочарувачки настапи оваа сезона, а по поразот од Тотнем со 1-0 во последното коло, тимот на Рубен Аморим се наоѓа на 15. позиција со 29 освоени бодови. Во својата емисија на Јутјуб, Фердинанд одговараше на прашања од фановите и се осврна на еден коментар кој укажуваше дека тимот има потреба од уште 11 бода за да се осигура дека нема да испадне од Премиер лигата. „Кога го гледам распоредот, не можам да кажам, ‘Еве тука ќе освоиме три бода, тука уште три…’ Единствено Лестер ми изгледа како натпревар што можеме да го добиеме“, изјави Фердинанд. Тој ги наброја претстојните противници на Јунајтед: Евертон (гости), Ипсвич (дома), Арсенал, Лестер (гости), Нотингем Форест (гости), Манчестер Сити, Њукасл (гости), Вулвс, Борнмут (гости), Брентфорд (гости), Вест Хем, Челси (гости) и Астон Вила. Фердинанд подвлече дека вообичаено е лесно да се предвиди каде тимот може да собере бодови, но со формата на Јунајтед оваа сезона, таа пресметка станува речиси невозможна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |