„Халанд ќе игра за Реал Мадрид, не ме прашувајте од каде знам“

February 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Халанд ќе игра за Реал Мадрид, не ме прашувајте од каде знам“

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, е убеден дека Ерлинг Халанд еден ден ќе го облече дресот на „кралевите“. Мијатовиќ, кој беше дел од Реал како играч од 1996 до 1999 година, а подоцна и спортски директор од 2006 до 2009 година, гостуваше во емисијата „Ел Чирингуито“, каде што ја коментираше ситуацијата на трансфер-пазарот. „Сигурен сум дека тоа ќе се случи. Тој можеби јавно не го изјавил тоа, но од сигурен извор знам дека сака да игра за Реал Мадрид. Не прашувајте како знам, но знам“, изјави Мијатовиќ. Норвешкиот голгетер во својата досегашна кариера има одиграно 133 натпревари и постигнато 117 голови, надополнети со 17 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.