February 18, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе донел одлука да го задржи Рандал Коло Муани и има стратегија за реализација на трансферот. Францускиот напаѓач пристигна во Торино како позајмен фудбалер од ПСЖ во зимскиот преоден рок, но договорот не содржи опција или обврска за целосен откуп. Сепак, со оглед на тоа што Коло Муани имаше фантастичен старт во дресот на „бјанконерите“, постигнувајќи пет гола на пет натпревари, клубот сака да го задржи на подолг период. Раководството на Јувентус има план што би бил прифатлив за сите страни. Нивната понуда кон ПСЖ вклучува нова позајмица до крајот на сезоната 2025/26, за која ќе платат помеѓу 5 и 6 милиони евра. Дополнително, како дел од договорот, Јувентус ќе се обврзе да го откупи Коло Муани за 45 милиони евра по завршувањето на таа сезона. На тој начин, ПСЖ ќе добие финансиска корист бидејќи вредноста на играчот во нивните сметководствени книги тогаш ќе биде значително помала, што ќе им овозможи да остварат капитална добивка и да го подобрат својот финансиски биланс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |