Сензацијата од тренер е еден од кандидатите за клупата на Реал Мадрид

February 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сензацијата од тренер е еден од кандидатите за клупата на Реал Мадрид

Се повеќе се шпекулира дека оваа сезона може да биде последна за Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид. Шпанските медиуми наведуваат дека неговата иднина зависи од освоените трофеи, а постојат и гласини за можно пензионирање. Ако на крајот од сезоната Реал не успее да триумфира во Лигата на шампионите, Ла Лига или Кралскиот куп, Анчелоти би можел да си замине, иако има договор за уште една сезона. Како главен кандидат за негов наследник се споменува Чаби Алонсо. Актуелниот тренер на Баер Леверкузен, кој како играч ги бранеше боите на Реал, веќе подолго време се смета за идеален избор за клупата на „кралевите“. Сепак, англискиот Daily Mail објави дека претседателот Флорентино Перес има и друг кандидат. Во потесниот круг на можни наследници на Анчелоти влегол уште еден шпански стратег – Андони Ираола, актуелниот тренер на Борнмут. Борнмут оваа сезона блеска во Премиер лигата, благодарение на напаѓачкиот стил на игра што го наметна Ираола. Како играч, тој најдолго настапуваше за Атлетик Билбао, додека како тренер има искуство со АЕК Ларнака, Мирандес, како и мадридскиот Рајо Ваљекано. Анчелоти моментално е во својот втор мандат во Реал, каде што освои 14 трофеи, вклучувајќи три во Лигата на шампионите и две титули во Ла Лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.