February 19, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов направи промена во својата кариера, преминувајќи во нов клуб во Полска. Тој повеќе не е дел од Краковија и до крајот на сезоната ќе настапува за Пушча Нјеполомице како позајмен играч. Неговиот договор со Краковија важи до јуни следната година. Атанасов својата професионална кариера ја започна во Академија Пандев, по што во 2018 година направи трансфер во Бурсаспор. Потоа три години беше дел од Хајдук Сплит, пред во јануари 2023 да се пресели во полското првенство. Во новиот клуб, Пушча, ќе го носи дресот со број шест.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |