February 19, 2025 | | Свет
Ливерпул не успеа да стигне до целосен плен на гостувањето против Астон Вила, одигрувајќи 2-2 во динамичен натпревар од 29. коло во Премиер лигата. Гостите први го отворија резултатот преку Мохамед Салах во 29. минута, но домашниот тим брзо возврати. Јури Тилеманс и Оли Воткинс погодија до крајот на првото полувреме, носејќи ѝ предност на Вила. Во второто полувреме, Ливерпул се врати во игра благодарение на Трент Александер-Арнолд, кој со удар од 15 метри израмни по асистенција на Салах. Двата тима имаа шанси за победа, а Ливерпул можеше да дојде до три бода, но Дарвин Нуњез не успеа да реализира пред празниот гол. Овој резултат повеќе ѝ одговара на Астон Вила, додека за Ливерпул значи дека Арсенал добива шанса да ја намали разликата во битката за титулата.
HUGE MISS FROM DARWIN NUNEZ! 😬pic.twitter.com/WNpo54cDuc
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 19, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |