February 19, 2025 | | Свет
Астон Вила и Ливерпул одиграа возбудлив натпревар во 26. коло од Премиерлигата, кој заврши без победник (2-2). Ливерпул прв дојде до водство во 29. минута преку Мохамед Салах, но тимот од Бирмингем не се предаде. По повеќе од половина час игра, Астон Вила конечно создаде сериозна прилика, а Јури Тилеманс ја искористи можноста за да израмни резултат. До крајот на првиот дел, Оли Воткинс погоди за пресврт и донесе предност за домашните. Сепак, „црвените“ не се откажаа и преку Трент Александер-Арнолд стигнаа до израмнување (2-2). Особено внимание привлече промашувањето на Дарвин Нуњез кој не успеа да погоди празен гол. Астон Вила моментално се наоѓа на деветтото место со 39 бодови, додека Ливерпул останува на врвот на табелата со 61 освоен поен по 26 кола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |