И Јувентус испадна од ЛШ: Интер ќе ја брани честа на Италијанците (ВИДЕО)

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

И Јувентус испадна од ЛШ: Интер ќе ја брани честа на Италијанците (ВИДЕО)

ПСВ Ајндховен избори место во осминафиналето на Лигата на шампионите откако во драматичен дуел по продолженија го совлада Јувентус со 3-1 на домашен терен. Холандскиот тим успеа да ја анулира негативата од 2-1 од првиот натпревар во Торино и да обезбеди пласман во следната фаза. Перишиќ го отвори резултатот за ПСВ во 53. минута, но Тимоти Веа десет минути подоцна израмни за гостите. Сепак, Саибари во 74. минута постигна гол за 2-1, резултат кој значеше продолженија. Клучниот момент се случи во 98. минута кога Фламинго погоди за конечни 3-1 и го осигура напредувањето на својот тим. Со овој пораз, Јувентус е елиминиран во плејоф рундата и нема да биде дел од осминафиналните дуели, исто како и Аталанта и Милан.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.