Ѕвездата на Реал ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар во ЛШ

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ѕвездата на Реал ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар во ЛШ

Реал Мадрид убедливо избори пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, елиминирајќи го Манчестер Сити со победа од 3-1 во плеј-офот. Килијан Мбапе блесна со хет-трик, комплетирајќи ја задачата што „кралевите“ ја започнаа во Манчестер. Навивачите имаа причина за славје по убедливата победа над „граѓаните“, но тимот веќе размислува за следните предизвици. Карло Анчелоти во првиот осминафинален натпревар нема да може да смета на Џуд Белингем, кој ќе пропушти меч поради акумулирани жолти картони. Мадридската екипа се надева дека до тогаш дел од повредените фудбалери ќе се вратат во составот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.