Дибала ја покажа класата и ја однесе Рома во осминафинале (ВИДЕО)

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дибала ја покажа класата и ја однесе Рома во осминафинале (ВИДЕО)

Рома успеа да слави со 3-1 против Порто во реваншот за осминафиналето од Лига Европа, благодарение на извонредниот настап на аргентинската ѕвезда Пауло Дибала. Гостите од Португалија први поведоа преку Саму, кој во 27. минута го затресе противничкиот гол. Но, набргу потоа, Дибала блесна со два фантастични погодоци, носејќи целосен пресврт и предност за „волчицата“ од 2-1. На почетокот од второто полувреме, Порто остана со играч помалку поради исклучувањето на Еустакио, што ѝ овозможи на Рома целосна контрола врз натпреварот. Италијанскиот тим ја искористи бројчаната предност и преку Писили зголеми на 3-1, додека автоголот на Девин Ренш го постави конечниот резултат (2-3). Во следната рунда се пласираа и ФЦСБ, кој со 2-0 го елиминираше ПАОК, како и АЗ Алкмар, кој со вкупни 6-3 беше подобар од Галатасарај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.