Судијата кој го поцрвене Белингем не е во опасност, Атлетико веднаш реагираше

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата кој го поцрвене Белингем не е во опасност, Атлетико веднаш реагираше

По големиот притисок што го доживеа изминатите седум дена, судијата Хосе Мунуера Монтеро конечно доби олеснување откако Шпанската фудбалска федерација потврди дека ќе остане дел од Ла Лига. Сето тоа следуваше по бурните реакции на Реал Мадрид по ремито со Осасуна на „Ел Садар“, кога „кралевите“ го обвинија за пристрасно судење во корист на домаќините. Дополнителна контроверзија внесе веста дека неговата компанија има соработка со Ла Лига и Атлетико Мадрид, поради што беше отворена истрага за можен конфликт на интереси. По детална проверка, специјалното тело на Федерацијата утврди дека нема неправилности, со што Монтеро беше официјално ратификуван како судија во елитниот фудбал. По овој развој, Атлетико Мадрид се огласи со остра реакција против Реал.

„Одделот за усогласеност во шпанска фудбалска федерација, исто така, потврди дека нема конфликт на интереси помеѓу активностите на компанијата на Хозе Луис Мунуера Монтеро и неговата работа како судија. Ние од Атлетико Мадрид веруваме дека овој тип на вознемирувачка кампања сериозно го нарушува имиџот на нашиот фудбал и не треба да мине неказнето“, стои во дел од соопштението на Атлетико.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.