Судијата кој бараше автограм од Меси си доби казна (ВИДЕО)

February 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата кој бараше автограм од Меси си доби казна (ВИДЕО)

Главниот судија Марко Антонио Ортиз направи невообичаен потег по натпреварот помеѓу Интер Мајами и Спортинг Канзас Сити во Купот на шампионите на Конкакаф, барајќи автограм од Лионел Меси. Аргентинската ѕвезда го одлучи натпреварот со својот погодок, обезбедувајќи победа од 1-0 за својот тим. Сепак, дисциплинската комисија не ја премолчи оваа ситуација и одлучи да го санкционира судијата за неговиот несоодветен потег, иако Конкакаф не прецизираше за каква казна станува збор. По реакцијата на фудбалската јавност, Ортиз ја призна својата грешка и јавно се извини за своето однесување по мечот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.