Салах постави важен услов за да остане во Ливерпул

February 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах постави важен услов за да остане во Ливерпул

Иако Салах има привлечни понуди од Пари Сен Жермен и клубови од Саудиска Арабија, неговата примарна желба е да остане на „Енфилд“, но само ако добие финансиски подобрени услови. Најголемата ѕвезда на Ливерпул, поставила јасен услов за останување во клубот – зголемување на неговата сегашна неделна плата од 350.000 фунти. Според новинарот Екрем Конур и неколку извори од Англија, преговорите со агентот на играчот, Рами Абас Иса, се одвиваат интензивно. Ливерпул истовремено води разговори и со Вирџил Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд, чии договори истекуваат наскоро, но засега не е постигнат конкретен договор со ниту еден од нив. Додека Ван Дајк е во центарот на дискусиите за нов договор, шпекулациите велат дека Александер-Арнолд веќе донел одлука да се пресели во Реал Мадрид. Во меѓувреме, Салах продолжува да блеска оваа сезона, со 23 голови и 14 асистенции во Премиер лигата, што го прави еден од главните фаворити за освојување на „Златната топка“. Египќанецот и во моментот е најплатениот играч во Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.