Лига Европа: Манчестер Јунајтед ќе има тешка задача

February 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лига Европа: Манчестер Јунајтед ќе има тешка задача

Денеска беше одреден комплетниот „костур“ на Лигата на Европа, па веќе е јасно кои екипи можат да се сретнат на патот до финалето. Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад ќе одиграат една од највозбудливите пресметки во осминафиналето, бидејќи двата тима се меѓу главните фаворити за пласман во завршницата. Лацио ќе се соочи со Викторија Плзен, додека Бодо Глимт ќе ги одмери силите со Олимпијакос. Во Амстердам, Ајакс ќе го пречека Ајнтрахт Франкфурт, што исто така ветува интересен двомеч. Тотенхем ќе игра против Аз Алкмар, а Лион ќе биде противник на романскиот ФССБ. Фенербахче на Жозе Мурињо ќе му гостува на Ренџерс во Глазгов, додека Рома ќе се обиде да го елиминира Атлетик Билбао. Исто така, познат е и целокупниот „костур“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.