Халанд нема да игра ниту против Ливерпул?! Гвардиола даде одговор

February 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд нема да игра ниту против Ливерпул?! Гвардиола даде одговор

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, на денешната прес-конференција изјави дека сè уште не е сигурен дали Ерлинг Халанд ќе биде подготвен за големото дерби против Ливерпул. Норвешкиот напаѓач се опоравува од повредата на коленото што ја заработи минатата сабота во убедливата победа над Њукасл (4-0). Поради тоа, не настапи во плеј-офот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. „Не знам дали ќе може да игра. Ќе направи тестови денес, а конечната одлука ќе ја донесеме утре. Во сабота ќе биде појасно“, истакна Гвардиола. Оваа сезона Халанд има постигнато 27 голови во сите натпреварувања. Во истиот натпревар против Њукасл, кога се повреди, три гола постигна новото засилување Омар Мармуш, што му дава дополнителни опции во нападот на Гвардиола. Дополнителен проблем за Сити е и повредата на Џон Стоунс, кој можеби ќе мора да оди на операција. „Тој е повреден, а во следните денови ќе знаеме дали ќе биде потребна операција“, додаде стратегот. Освен Стоунс, на подолг период надвор од терените се и Мануел Аканџи и Родри. Дербито против Ливерпул, кој во моментов е лидер во Премиер лигата, ќе се игра в недела од 17:30 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.