Ронало збесна и се лутеше на судиите по црвениот картон на Дуран (ВИДЕО)

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ронало збесна и се лутеше на судиите по црвениот картон на Дуран (ВИДЕО)

Ал-Наср претрпе изненадувачки пораз на домашен терен од Ал-Етифак со 2:3, иако важеше за голем фаворит. Домаќините двапати водеа, прво со 1:0, а потоа и со 2:1, но во завршницата на натпреварот дозволија пресврт и загубија. Кристијано Роналдо го одигра целиот меч, но не успеа да спречи неуспех на својот тим. Во 89. минута, по третиот примен гол, новото засилување на Ал-Наср, Џон Дуран, кој пристигна од Астон Вила, го турна еден противнички играч. Судијата веднаш реагираше и му покажа директен црвен картон поради неспортскиот потег. Оваа ситуација дополнително го налути Роналдо, кој влезе во жестока расправија со судијата, а потоа, во знак на револт, ја шутна топката кон трибините. Со овој неочекуван пораз, Ал-Наср значително ги намали шансите за освојување на титулата во Саудиската лига. По 21 одигран натпревар, тимот на Роналдо има 44 бодови, додека лидерот Ал-Итихад веќе има 52 бодови, но со еден натпревар помалку. Во вечерните часови се игра дербито на лигата помеѓу Ал-Итихад и актуелниот шампион Ал-Хилал, кој е второпласиран на табелата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.