Условите во Штип очајни: Терен има, но не и трева! (ВИДЕО)

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Условите во Штип очајни: Терен има, но не и трева! (ВИДЕО)

На теренот во Штип денеска се игра второлигашкиот натпревар помеѓу Брегалница и Новаци, но условите се далеку од фудбалски. Иако фудбалот се игра на тревна подлога, денешниот меч во Штип нуди сцена во која зеленило нема ниту во траги. Лошата инфраструктура отсекогаш била проблем во македонскиот фудбал, но ова што денес се гледа во Штип тешко може да се нарече фудбалски терен. Наместо да се движи по трева, топката се тркала по исушена земја, оставајќи впечаток на сцена како од некое заборавено село. Новото раководство на ФФМ ја постави инфраструктурата како приоритет во македонскиот фудбал. Со оглед на состојбата во Штип, ги очекува сериозна работа доколку сакаат да ја подигнат фудбалската средина на едно пристојно ниво.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.