Јунајтед се спаси од пораз кај Евертон, а можеше да направи и пресврт (ВИДЕО)

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед се спаси од пораз кај Евертон, а можеше да направи и пресврт (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед, во оваа сезона на Премиер лигата, дојде до точка каде што дури и освоен бод на гостински терен се смета за огромен успех. Така беше и денес, кога ремизираше 2:2 против Евертон, иако во еден момент изгледаше дека ќе доживее уште еден пораз. Евертон започна одлично и веќе во првото полувреме имаше убедлива предност од 2:0. Со головите на Бето и Дукуре, домаќините изгледаа како да ги впишаа трите бода на своето конто. Но, во второто полувреме, Манчестер Јунајтед успеа да се консолидира и заигра далеку подобро. Бруно Фернандеш намали на 2:1, а Угарте подоцна го постави конечниот резултат, носејќи му бод на својот тим. Во завршницата од натпреварот, и двете екипи имаа свои шанси за победа, но резултатот остана непроменет. Јунајтед, иако не стигна до три бода, сигурно може да биде задоволен со овој исход, имајќи предвид како започна натпреварот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.