Вардар го изненади шампионот и славеше во Струга!

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар го изненади шампионот и славеше во Струга!

Вардар одигра одличен натпревар, создаде повеќе шанси за гол и на крајот заслужено дојде до победата. Иако Струга влезе како фаворит во овој дуел, тоа беше само на хартија, бидејќи случувањата на теренот изгледаа поинаку. Возбудувањата продолжија во второто полувреме, кога се создаваа шанси на двете страни, но Вардар продолжи да биде поконкретен. Резултатот беше отворен во 68. минута, кога Закариќ погоди за водство од 1-0 за Вардар. Во првиот дел гостите ја погодија стативата преку Сенхор, а шанси пропуштија и Омерагиќ и Донгмо. Струга се закани преку Шабани, но Талески го одбрани неговиот удар. Струга се обидуваше да го изедначи резултатот, но дилемите околу победникот ги реши Мато со убав гол од далечина во 82. минута. Вардар со 2-0 славеше на гостувањето кај актуелниот шампион Струга и освои три многу значајни бодови во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.