Олмо и Торес ја донесоа победата за Барселона против Лас Палмас (ВИДЕО)

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Олмо и Торес ја донесоа победата за Барселона против Лас Палмас (ВИДЕО)

Барселона извојува победа од 0-2 на гостувањето кај Лас Палмас и повторно се искачи на врвот на табелата во Ла Лига. Каталонците сега имаат 54 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид и три повеќе од Реал Мадрид, кој својот натпревар од ова коло ќе го одигра утре. Иако Лас Палмас пружи солиден отпор, не успеа да издржи до крај и попушти по еден час игра. Барселона го скрши отпорот на домаќините во 62. минута, кога Дани Олмо го отвори резултатот. Во судиското продолжение, Феран Торес ги потврди трите бода за гостите со втор погодок, со што Барселона ја обезбеди својата важна победа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.