February 23, 2025 | | Свет
Арсенал неочекувано загуби на домашен терен од Вест Хем, а тренерот Микел Артета по натпреварот не ја криеше својата лутина кон играчите. Со овој пораз, надежите за титула стануваат сè понереални, а Артета е свесен за ситуацијата. „Сега веќе не е во наши раце. Искрено, многу сум лут поради она што зависи од нас – нашите настапи и резултати, а ние не го направивме тоа што требаше“, изјави Артета. Иако Арсенал доминираше според статистиката и имаше 20 обиди кон голот, тимот не изгледаше убедливо на теренот. „Разочаран сум. Иако создадовме многу шанси, не се чувствував како да сме на вистинското ниво. Ова е далеку од она што ни е потребно за да бидеме конкурентни за титулата во Премиер лигата“, додаде стратегот на Арсенал. Во моментов, Ливерпул е лидер на табелата со осум бодови повеќе од Арсенал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |