February 23, 2025 | | Свет
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, пренесува новинарот Хосеп Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“. Каталонскиот стратег првично имал намера да замине уште минатото лето, а како потенцијална опција ја разгледувал англиската репрезентација. Но, бидејќи оваа позиција ја зазеде Томас Тухел, Гвардиола реши да остане во Манчестер и да потпише нов двегодишен договор, бидејќи немало други соодветни понуди. Сепак, и покрај ова, се шпекулира дека тој не се откажал од намерата да ја напушти клупата на Сити по крајот на актуелната сезона. Истовремено, британскиот „Телеграф“ известува дека Гвардиола е целосно фокусиран на стабилизирање на тимот, но ако донесе одлука да си замине, клубот нема да му стои на патот. Оваа сезона за Манчестер Сити се покажува како една од најтешките во ерата на Гвардиола. Тимот значително заостанува во борбата за титулата во Премиер – лигата, веќе е елиминиран од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, а единствената можност за трофеј останува ФА Купот. Каталонскиот стратег пристигна во клубот во 2016 година и целосно го трансформираше начинот на игра. Со својот препознатлив стил на посед и брза размена на додавања (тики-така), тој од направи Сити доминантна сила во англискиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |