Шкендија подобар од Силекс, Гостивар ремизираше, победа на Работнички

February 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија подобар од Силекс, Гостивар ремизираше, победа на Работнички

Шкендија успеа да го совлада Силекс со 4-2 во највозбудливиот дуел од 20. коло на Првата фудбалска лига. Победничката серија ја обезбедија погодоците на Ване Крстевски во 10. минута, Рамадани во 63., Бесарт Ибраими во 76., како и автоголот на Џеков во 86. минута. Силекс имаше силен старт, поведувајќи преку Ади Алиќ во 5. минута, а Рајков во 82. минута го постигна вториот гол за својот тим. Во другите натпревари, Работнички ја прекина својата негативна серија со минимален триумф од 1-0 против Воска Спорт, благодарение на погодокот на Анес Рушевиќ во 56. минута. Брера на домашен терен во Струмица не успеа да се справи со Шкупи, кој славеше со 1-2. Гостите поведоа преку Емануел Аворнио во 31. минута, а Демир Имери во вториот дел го потврди триумфот. Единствениот гол за Брера го постигна Мартин Ѓорѓиевски во 84. минута. Гостивар и Беса одиграа без голови, додека Тиквеш не успеа да го задржи водството против Пелистер, губејќи со 1-2. Миловановиќ во 64. минута донесе предност за домаќините, но во завршницата на мечот примија два гола. Вардар во претходниот ден ја забележа важна победа, совладувајќи ја Струга ТЛ со 0-2 на гостински терен. ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ Шкендија – Силекс 4-2 Работнички – Воска 1-0 Беса – Гостивар 0-0 Тиквеш – Пелистер 1-2 Брера – Шкупи 1-2 Вчера: Струга ТЛ – Вардар 0-2

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.