Чурлинов продолжува со одличната форма: Трет натпревар по ред како стрела (ВИДЕО)

February 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чурлинов продолжува со одличната форма: Трет натпревар по ред како стрела (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов повторно постигна гол во дресот на полскиот клуб Јагјелонија овој викенд, овој пат против Краковија. Чурлинов повторно се најде меѓу стрелците, откако веќе погоди во минатото коло против Мотор Лублин, а беше прецизен и во дуелот со ТСЦ Бачка Топола во Конференциската лига на УЕФА. Овојпат, во 35. минута, Чурлинов успеа да ја смести топката во мрежата, реагирајќи од непосредна близина по одбиена топка од дирекот, носејќи ѝ предност од 0-1 на Јагелонија. Македонскиот фудбалер сезонава има веќе четири гола во најсилната полска лига, како и два погодоци во Конференциската лига на УЕФА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.